Одлука на Основен суд Кавадарци

Затвор од 15 години доби мажот од Неготино кој до смрт ја претепа поранешната партнерка, мајка на две деца

Затвор од 15 години доби П.Н. (51) од Неготино бидејќи до смрт ја претепал неговата поранешна партнерка. За МКД.мк од Основниот суд Кавадарци потврдија дека вчера биле изречена првостепената пресуда за кривичното дело тешка телесна повреда со смртни последици. Максималната казна за ова кривично дело е 20 години, но судот како олеснителна околност го зема предвид тоа што обвинетиот призна вина. Претепаната жена беше во кома поради тешките повреди, по што по неколку дена во болница, почина. Таа беше мајка на две полнолетни деца. 

Основниот суд Кавадарци на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело Тешка телесна повреда по чл. 131 ст. 4 вв ст. 2 вв ст. 1 вв чл.12 ст. 2 од КЗ, го огласи за виновен и го осуди на казна затвор во траење од 15 години. 

Ќерката на починатата жена бараше тој да одговата за убиство, но и за ова кривично дело обвинетиот доби висока затворска казна од 15 години, колку што Кривичниот законик предвидува и за член 123. 

Во време кога се случи грозоморниот настан обвинетиот бил пијан со 1.94 промили алкохол во крвта. 

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба на одлуката на судот. 

К.Д.

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе