Можен пресврт на судењето за насилството во Собранието?

Заев во судница: Груевски е организаторот на „27 април“, а не обвинетите политичари

Во улога на сведок премиерот Зора Заев денеска пред Судот изјави дека главни осмислувачи и организатори на настаните во Собранието од 27 април 2017 година не се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите на кои им се суди, туку дека тие биле изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски.

„Не мислам дека главни осмислувачи и организатори на настаните во Собранието од 27 април 2017 година се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука. Според мои сознанија, овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски“.

Ова во судница денеска го изјави премиерот Зоран Заев, каде беше дојден во улога на сведок  во однос на случувањата во Собранието од 27 април 2017 година.

„Верувам дека сите посакуваат ова да не се повтори и верувам дека една од гаранциите за тоа се ваквите судски постапки. Како човек, жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група која за цел имаше да одзема животи. Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука", рече Заев.

Тој додаде дека според негови сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски.

„Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. Ова го кажувам, затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело", рече Заев во поглед на обвинителниот акт.

Прашан дали конститутивната седница завршила тој ден, Заев рече „да", точката за избор на претседател на Собранието, заврши на седницата на 27 април.

Заев, кој е повикан како сведок на одбраната, на прашање на бранителот на обвинетиот Трајко Вељановски, рече дека бил присутен на продолжението на конститутивната седница на 27 април 2017 година во Собранието.

Прашан дали спикерот Трајко Вељановски повикал некој пратеник да се откаже од правото на збор, Заев рече дека не се сеќава дека имало повик до некој пратеник да се откаже од правото на збор.

„Се сеќавам на седницата и не можам да изразам забелешка дека на некој пратеник му било скратено деловничко правото на збор", изјави Заев.

Прашан дали тој лично потпишал барање за продолжување на конститутивната седница, Заев рече дека не се сеќава точно, но дека е сосема можно.

„Логично е дека како претседател на парламентарното мнозинство во тој дел сум барал, заедно со останатите колеги, да продолжи седницата се до нејзино завршување", изјави Заев.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност.

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година ќе продолжи на 2 декември,за кога е закажано продолжението, бидејќи по паузата дадена по сведочењето, судењето беше прекинато, бидејќи на обвинетиот Спиро Ристовски му беше измерена покачена телесна температура.

По Заев требаше да сведочи пратеникот Африм Гаши.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе