Заев: Имавме успешна акција и го натеравме Мијалков да се пријави, истрагата мора да се спроведе

На денешната прес-конференција во владата, премиерот Зоран Заев запрашан во врска со случајот за бегството на Мијалков, дали ќе бидат со овој презентиран план ќе бидат превземени некои законски промени, затоа што самите институции и експерти посочија дека затаила координацијата меѓу Обвинителството и останатите надлежни институции.

„Имавме успешна акција за да го натераме беглецот да се пријави пред органите на прогонот. Истрагата мора да се спроведе до крај дали некаде затаил системот, дали има одредени слабости, дали кај институциите под извршната власт или во правосудството. Со тоа се надеваме дека ќе извлечеме поуки и ќе видиме каде се слабостите со цел нивно отстранување“, одговори премиерот.

Tој напомена дека овој случај ги охрабри граѓаните дека е можна правда. 

„Ние успеавме вакви процеси кои беа отворени од СЈО да ги придвижиме кон завршница, односно да се создадат услови да се завршат самите предмети. Денеска задволството кај мене, кај целиот наш народ е големо, кога има успешни завршници“, рече Заев.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе