Задутре Ахмети и Бајрами ќе сведочат за „Монструм“, Османи уште не потврдил

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и обвинителот Џелал Бајрами, ќе сведочат на следното рочиште за случајот „Монструм“, кое е закажано на 21 февруари (во петок).

Адвокатот на дел од обвинетите во овој предмет Асмир Алиспахич, ја потврди веста дека Ахмети и Бајрами ќе сведочат, но дополни дека сведочењето на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, сè уште не е потврдено заради службено патување.

На денешното рочиште за петкратното убиство во Смилковското Езеро, на 12 април 2012 година, сведочеа поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот директор на Бирото за Јавна Безбедност, Љупчо Тодоровски, познат по прекарот Радник. За овој случај треба да сведочи и Синиша Алексовски, советникот за безбедност во кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Тој исказ во судот треба да даде на 27 февруари. 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе