Постапката е во тек во Основниот суд во Прилеп

За сексуалното злоставување зборуваа оштетените девојчиња, на ред е тренерот по џудо кој бараше полиграфско тестирање

Рубин П. тренерот по џудо од Прилеп кој бараше, но не доби согласност од Обвинителството за тестирање на полиграф, сега треба да зборува и пред судиите за обвинувањата за сексуално злоставување на девојчињата кои му биле доверени да ги тренира. За него во Основниот суд во Прилеп во тек е судска постапка. Единственото што до сега го кажал пред судиите е дека не признава вина за кривичното дело обљуба со злоупотреба на службената положба. Судењето е затворено за јавност со одлука на судиите, бидејќи во постапката има малолетнички. 

Фото: Инфокомпас

Од Судот за МКД.мк ни одговорија дека судската постапка е во тек и дека до сега исказ пред судот дале оштетените малолетнички. Уште неколку сведоци треба да бидат распрашани пред Судот, па по нив на ред е обвинетиот тренер кој има право да зборува или да се брани со молчење.

Обвинетитот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, соопштија тогаш од Обвинителството. 

Обвинетиот тренер по џудо сега има адвокат по службена должност. Претходно тој имаше друг адвокат кој се откажа од застапување на обвинетиот поради сомнеж дека не ја зборува вистината. 

Пред адвокатот Жарко Стеваноски тој тврдел дека не е виновен и дека сексуално не вознемирувал, ниту пак извршил обљуба на девојчињата што му биле доверени да ги тренира.

Но, доказите го покажале спротивното, односно дека тој не ја зборува вистината. Адвокатот Стеваноски по обелоденување на настанот во телефонски разговор за МКД.мк изјави  дека тој повеќе не го застапува осомничениот тренер по џудо бидејќи, како што тогаш кажа, се појавиле индиции дека неговото тврдење дека не е сторител на кривичното дело не е точно.

„Јас повеќе не сум бранител на овој осомничен. Уште во почетокот на истрагата кажав дека ако по увидот во предметот се појават какви било докази дека осомничениот не ја зборува вистината, тогаш ќе се повлечам од етички причини. Ако мојот клиент ми кажува дека нема допирна точка со обвинението, тогаш тоа треба да е така. Но во овој случај се појавија индиции што укажуваат на спротивното и поради тие причини се повлеков од предметот и нема да го застапувам", изјави тогаш адвокатот Стеваноски за МКД.мк.

Тој пред својот адвокат тврдеше дека не е виновен и бараше полиграфско тестирање. Во текот на истрагата не седне на полиграфското столче бидејќи Обвинителството го одби ваквото барање. Од него беа одземени мобилниот телефон и компјутерот.

Кога против него се појавија обвинувањата, во постапката имаше три оштетени малолетнички, но подоцна уште едно девојче што било сексуално вознемирувано како малолетничка, го пријави, но сега е веќе полнолетна.

Колку време молчела последната девојка што решила да поднесе кривична пријава против својот тренер во интерес на истрагата од Обвинителството не открија. 

Според обвинувањата, тренерот од април до ноември лани, во Прилеп, но и на други места, заради задоволување полови страсти извршил полови дејствија врз деца што наполниле 14 години, ученички што му биле доверени за тренирање и воспитување.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Инфокомпас

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе