Врховниот суд ги потврди 7 годишната казна затвор за Јанева и 9 годишната за Боки 13 за „Рекет“

Врховниот суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на пресудите за случајот „Рекет“ на Бојан Јовановски и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Jанева. Ова значи дека остануваат да важат потврдените пресуди на Боки 13 и Јанева од Апелацискиот суд Скопје. Јанева за „Рекет“ беше осудена на затвор од 7 години, а Боки 13 на 9 години. И двајцата се на издржување на затворската казна во затворот во Идризово. 

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие“, велат од Врховен суд.

Во јули минатата година Апелациониот суд Скопје ја потврди пресудата на Кривичниот суд Скопје за случајот „Рекет" со кој Јанева е осудена на казна затвор од седум години за „примање награда за противзаконито влијание" и „злоупотреба на службена положба и овластување, а Јовановски на девет години затвор за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело". 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе