На дневен ред на седницата на Судскиот совет беше избор на нов претседател.
Герасимовски се иззеде од гласањето и соопшти:
„Едногласно бев избран за в.д директор на Академијата, до избор на директор што ќе се случи во среда, а со цел да не дојде до застој на работите во Академијата. Согласно упатствата на ДКСК дека со мојот избор има судир на интереси денеска ја доставив мојата неотповиклива оставка од функцијата“, кажа Герасимоски.
Со цел да не се наруши угледот на функцијата, Герасимоски посочи дека оставката е неотповиклива.
Потоа, за претседател на Судскиот совет беше избрана Весна Дамева.
Инаку, претходно оставка од претседателската позиција на Судскиот совет поднесе Павлина Црвенковски, која кажа дека против неа се водела медиумска кампања зашто нејзиниот избор „не ѝ одговал на судската - бизнис елита“. Денеска Црвенковска не присуствуваше на изборот на нејзина наследничка.