Отфрлено Барањето за заштита на слободите и правата

Уставниот суд не може да постапува по жалбите на Панчевски додека не завршат редовните судски постапки

Уставниот суд на денешната седница го отфрли Барањето за заштита на слободите и правата, поднесено од поранешниот претседател на Основен Кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, поради постоење на процесни пречки. 

Во образложението од Уставниот суд се вели дека со оглед на тоа што пресудата на Апелацискиот суд КЖ.746/2020 од 14.07.2021 е укината од Врховниот суд на 09.02.2022 година што упатува дека постапката пред редовните судови уште не е завршена и недостасува еден од основните елементи предвидени во чл.51 од Деловникот на Судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Уставниот суд да ја цени основаноста на поднесеното барање.

Подносител Панчевски, преку полномошник Петро Јанура, адвокат од Скопје, во Барањето до Уставен суд, смета оти со пресуди на Основниот суд во Велес и Апелацискиот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјалната припадност, односно општествена положба во поглед на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност, односно политичко уверување.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе