„Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе имаат повисока плата за 15 отсто. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел, се наведува на фејсбук статусот на министерот Тупанчевски.
Со усвоените измени на Законот за јавнообвинителска служба, пак, вели Тупанчески, се постигнува истата цел и кај јавно обвинителските службеници од сите нивоа.
„Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување ист износ на законска минимална плата", напиша на Фејсбук министерот за правда Тупанчески.