Предвидени се парични и затворски казни од една до пет години

Три лица и болницата кривично ќе се гонат за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој изгореа 14 лица

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против три физички и едно правно лице, односно тетовската болница за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој изгореа 14 лица. Информацијата за МКД.мк ја потврдија од Обвинителството. За кривичното дело за кое се гонат осомничените предвидени се затворски казни од една до 5 години, односно парична казна или затвор до една година, а за болницата според членот во обвинителниот предлог предвидена е парична казна. 

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице во врска со пожарот во Модуларната болница во Тетово.

„Двајцата првообвинети се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, третиот обвинет сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик, додека обвинетото правно лице сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност по.5 в.в. со ст.4 в.в. со ст.2 и кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно чл.206 ст.2 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик“, стои во одговорот од Обвинителството. 

Овој случај го работеа четворица обвинители, а вештачење правеше и германски експерти.

Вештачењето на МВР ОКТИВ утрди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.

Откако беше добиено вештачењето од МВР, се чакаше и германското вештачење. Откако стигна, се чекаше да се преведе.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе