Судскиот совет не ги прифаќа приговорите на судиите, мора да бидат пензионирани

Седум судии од 42-ца судии незадоволни што на 1 јули беа пензионирани поднеле жалби и приговори до Судскиот совет.

Судиите од Битола, Штип и Струмица, меѓу кои и двајца претседатели на судови, аргументирале дека одлуката на советот да ги пензионира е спротивна на Уставот, дека претходно веќе им бил продолжен работниот век и по 64-та година, но и дека Законот за работни односи, кој не беше изгласан на 1 јули, сѐ уште е во собраниска процедура, како и дека треба да си го довршат претседатескиот мандат од 4 години, објави Телма.

Пензионираните судии не можат да се вратат. Нови излезени од академија ќе може да се избираат на крајот на годината. До тогаш Судскиот совет ќе ги пополнува празнините со делегирање судии од еден во друг суд.

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, вели дека пред околу еден месец испратиле до сите судови писмо со кое бараат судиите сами да се пријават да бидат прераспределени во друг град. Веќе ги добиле и првите судии доброволци. Но Црвенковска е оптимист дека нема да има застој во предметите.

Судскиот совет ги пензионираше и двајцата членови Зоран Теофиловски и Киро Здравев, а следниот месец во пензија оди и Гордана Спиревска. За да се пополнат испразнетите места, ќе се избираат нови членови од редот на судиите. Судскиот совет распиша оглас и формираше комисија што ќе ги подготви кандидатските листи.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе