Судирот Русковска-Муареми утре со нова епизода, директорот на Финансиската полиција ќе поднесе кривична против обвинителката

Арафат Муареми, директорот на Финансиската полиција, најавува дека утре ќе поднесе кривична пријава против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска од Обвинителството за гонење организиран криминал. Муареми смета дека за време на нивниот претрес на Финансиската полиција сторена била злоупотреба на службената положба и фалсификување службени исправи.

Според Финансиската полиција, обвинителките до судот доставиле лажни податоци за да добијат налог за претрес, со што е прекршен Законот за кривична постапка.

Надзорот на Јавното обвинителство на овој случај утврдил дека од Обвинителството за организиран криминал се направени низа неправилности при извршената контрола во Финансиската полиција.

Обвинителката Вилма Русковска пред неколку дена се пожали на притисоци од владини именувани лица и побара помош од странските амбасади во земјава. Во одговорот од САД и ЕУ се вели дека случајот мора да го решат надлежните органи во Македонија.

Русковска, по најавите за тужби од Муареми, истакна дека врз неа се врши притисок и предупреди дека ќе ги објави наодите за кои тврди дека ги има против Муареми.

Конфликтот Русковска-Муареми експертите го оценија како криза на правосудниот систем која нема лесно да се реши поради политичките влијанија.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе