Основен граѓански суд Скопје

Судењето за тужбата на Заев против Николовски е одложено за 20 ноември

Судењето по тужбата за клевета што ја поднесе премиерот Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е одложено за 20 ноември.

На денешното рочиште не се појави премиерот Заев, а како застапник на тужбеното барање дојде негов адвокат.

Николовски, пак, оцени дека тужбата е апсурдна и кажа дека досега нема пример каде премиер и лидер на владејачка партија тужи потретседател на опозициска партија.

„Денес најмоќниот живот во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев ме тужи за клевета“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, додавајќи дека во демократскиот свет не е видено премиер да тужи за клевета потпретседател на најголемата опозициона партија.

Се работи за негова изјава дадена на крајот на август 2019 година.

„Во изјава тогаш за јавноста јас споделив дека до нас доаѓаат сознанија согласно кои што сознанија се изрекетирани бизнисмен кои што во јавноста тогаш се тврдеше дека се работи за само еден бизнисмен, дека се изрекетирани многу повеќе средства од тие средства кои што тогаш беа споменувани во јавноста дека се работи за една сума однекаде од над 20 милиони евра и дека таа операција не може да ја завршат двајца или тројца луѓе, дека е добро организирана операција и дека на врвот на таа пирамида стои Зоран Заев и СДСМ. Времето коешто дојде после таа изјава ги потврди овие мои наводи во јавноста. Да е апсурдот поголем, јас иста таква изјава дадов и на 10 август 2019 година, значи некаде 18 дена пред да ја дадам изјавата за која што сум тужен", рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека изјавата не била демантирана, а семејството Заеви биле опседнати со него бидејќи претходно за клевета бил тужен и од Вице Заев.

„Она што исто така е забележително и во претходниот и во овој случај е дека, како што не се појави Вице Заев на рочиштето на кое ме тужеше за клевета, на ист начин денес Зоран Заев не се појави на рочиштето на коешто ме тужи за клевета, напротив избра да испрати адвокат од најскапата адвокатска канцеларија во Македонија, а јас еве повторно решавам да се бранам сам затоа што веројатно онаму каде што е вистината нема потреба од адвокати, а онаму каде што не е вистината има потреба од скапи адвокати", изјави Николооски и додаде дека се надева оти во овој судски процес ќе ја докаже вистинитоста на негоавата изјава.

Николоски бара Заев како тужител да биде повикан и да даде исказ во судот.

Заев го тужи Николовски за изјава дадена во август лани во контекст на случајот „Рекет" во која го обвинува дека е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра. Заев како отштета бара 60.000 денари.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе