Случај „Моќник“: Советници тврдат дека квадратот поскапо го продале во Македонски Брод отколку во Скопје

Стојан Секулоски, поранешен советник во локалната власт во Македонски Брод, а сега пензионер денеска беше сведок во судскиот процес познат во јавноста како „Моќник“ и изјави дека општинската одлука за продажба на имот била законски изгласана. Пред да се случи гласањето тогашниот градоначалник Милосим Војнески ги запознал советниците со продажбата на недвижниот имот во селото Ижиште, рече Секулоски и додаде дека ништо не било невообичаено со оглед на тоа што во тоа време општината нудела на продажба општински имот, наследен од поранешните месни заедници.

Случајот „Моќник“ се однесува на продажба на имот, зграда од 157 квадратни метри, изградена во 1950 година и дворно место од 3.920 квадратни метри во село Ижиште, во сопственост на општина Македонски Брод, а го користела општина Пласница. Имотот бил продаден на таткото на пратеникот Антонио Милошоски. Цената била донесена едногласно и изнесувала 100 денари за метар квадратен.

„Во Скопје се продаваше по цена од едно евро, а ние донесовме одлука да не се продава под 100 денари за метар квадратен“, рече Секулоски.

Тој на прашање на обвинителот како изгледал објектот рече дека објектот бил продавница и дека општината Македонски Брод сите објекти и училишта од кои речиси 50 отсто биле во распаѓање ги продавала за да оствари некаков профит како сиромашна општина за потребите на буџетот и граѓаните.

Објектот бил во целосна сопственост на општината, потврди Секулоски.

„И училиштата и задружниот дом во Ижиште се отстапени на општините со одлука на тогашното Собрание на Општината Македонски Брод. Никој врз мене не вршеше никакво влијание за да гласам за цена од 100 денари по квадрат“, рече сведокот. За одлуката за продажба на објектот гласале сите 11 советници на општината Македонски Брод.

Овој судски процес кој трае веќе една година, а го води судијката Ленка Давиткова.

Според обвинителството нанесена била штета на Општина Македонски Брод и на државниот буџет за околу 50 илјади евра.

Сведокот рече дека одлуката за продажба била едногласно донесена на седница на Советот, а купениот имот бил навреме платен.

Александар Новаковски, во улога на бранител на обвинетиот, изјави дека во овој судски предмет нема ништо што може да ги загрози неговите клиенти и очекува ослободителна пресуда. За одбраната очигледно е дека станува збор за монтиран случај.

„Во обвинението нема ниту еден збор со кој се докажува мое учество во дејства на извршување на кривичните дела кои ми се ставаат на товар. Обвинителот не опишал со кои дејства наводно сум ги извршил кривичните дела 'измама и злоупотреба на службената положба', на кој начин, ниту има време и место, ниту пак приложил докази за неговите тврдења, со што сторил повреда на член 321 став 1 точка 2 од Законот за кривична постапка (ЗКП). Правен апсурд во обвинението е тврдењето дека сум довел во заблуда лица, 11 советници oд Општина Македонски Брод, со кои никогаш сум немал никаква лична, правна и деловна комуникација. Притоа, овие советници за кои се тврди дека биле во заблуда, никогаш не иницирале процедура за поништување на правните акти за кои гласале и донеле едногласна одлука“, вели Антонио Милошоски

На денешното рочиште сведочеше и Драге Јосифоски, советник во општината Македонски Брод, поранешен претседател на Советот. Тој  изјави дека во општината имало Комисија за урбанизам и тие воделе сметка за секој предмет и дека никој не му вршел никаков притисок за тоа како да гласа.

„Антонио Милошоски прв пат во животот го видов и го запознав денеска, пред да влеземе на рочиштето. Ниту сум го познавал претходно, ниту некогаш сме имале каква било комуникација, ни деловна, ни приватна“, рече сведокот во својот исказ пред судот во Скопје.

Денешните сведоци се на предлог на обвинителството.

Обвинението за овој предмет пред две години го поднесе тогашната обвинителка на СЈО Фатиме Фетаи. Во случајот „Моќник“ обвинети се вкупно 13 лица меѓу кои и првиот човек на некогашната Комисија за лустрација Томе Аџиев.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе