Извештај на државниот јавен обвинител

Се помалку случаи се следат тајно со ПИ-мерки од полицијата

Намален е бројот на случаи во кои се применуваат посебните истражни мерки во 2021 година во споредба со претходната година, покажува Извештајот на Јавниот обвинител, Љубомир Јовески за примена на посебни истражни мерки во 2021 година што беше усвоен денеска на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Јавниот обвинител Џелал Бајрами со полномошно од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, го образложи Извештајот и нагласи дека во 2021 година има пад на спроведување на овие мерки во споредба со 2020.

„Забележително е дека има намалување на бројот во кои се применуваат посебните истражни мерки во текот на 2021 година во однос на 2020 година и тоа и во бројот на случаи и во бројот на опфатени лица, а бројот на предмети кои биле опфатени со мерките е речиси идентичен“, стои во Извештајот.

Како и минатите години, се дополнува во документот, забележително е дека посебните истражни мерки во најголем број на случаи се применувале за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори" од член 215 од Кривичниот законик, додека за другите кривични дела определени се во помалку случаи.

Според податоците за примена на посебни истражни мерки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во извештајниот период водени се постапки во 28 случаи, од кои во пет случаи се по иницијатива на јавното обвинителство, а во 23 случаи иницијативата потекнала од Министерството за внатрешни работи“, се дополнува во извештајот.

Претседателот на Комисијата, пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, забележа дека во Извештајот недостига делот со финансиските импликации за употребата на посебните истражни мерки.

„Мислам дека ова е трет извештај што го разгледуваме во овој состав на Комисијата без финансискиот дел од Извештајот“, рече тој и побара да не се испушта она што претставува обврска со закон.

Во заклучокот од Извештајот, пак, стои дека примената на посебните истражни мерки за Јавното обвинителство не предизвикува финансиски импликации со оглед дека мерките ги спроведува Министерството за внатрешни работи, а тоа не доставува извештај за трошоци за примена на овие мерки.

„Неопходно е да се истакне дека во однос на 2020 година, примената на посебните истражни мерки во 2021 година била поефикасна, времетраењето на нивната примена е намалено и поголем број случаи завршиле со понатамошни постапки, отворање на истрага и подигнување на обвинение“, стои во заклучокот.

По исцрпувањето на расправата, Извештајот беше усвоен и ќе биде проследен на понатамошна процедура во Собранието.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе