Изјава на шефицата на Обвинителството за организиран криминал

Русковска се израдувала кога го видела Мијалков

„Искрено се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков реши самиот да се пријави. Нѝ прати порака, преку други луѓе, дека би сакал да се пријави исклучиво во Обвинителството за гонење на организиран криминал", им изјави вечерва на новинарите главната обвинителка на Обвинителството за гонење на организиран криминал Вилма Русковска. Таа не одговори на прашањето дали ќе поднесе ново барање за затворски притвор.

Русковска рече дека по пораката што ја испратил Мијалков, таа најнапред се консултирала со јавниот обвинител на Македонија Јовески, дали тој да се пријави тука, во обвинителството, или пак во полиција.

„Јовески рече дека Мијалков може да се пријави и кај нас. Откако Мијалков е дојден па до сега, беше обезбедуван од истражителите на нашиот истражителски центар“, изјави Русковска.

На новинарското прашање зошто обвинителството ја повлекло жалбата со која се бараше ефективен - затворски притвор, Русковска рече дека колку што неа ѝ е познато, во претпладневниот разговор претседателот на Судот замолил жалбата да биде повлечена бидејќи решението не беше спроведено, а Мијалков не беше достапен.

И  обвинителот Јовески се согласи и жалбата се повлече, рече Русковска.

На пршањето дали сега повторно таа ќе побара затворски притвор, Русковска одговори дека по „бурниот ден“ ќе се размисли за евентуален таков чекор.

„Ќе се одлучува заедно и со предметните јавни обвинители, но секако олеснителна околност е што Мијалков самиот се пријави“, рече обвинителката Вилма Русковска.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе