Обвинителство

Русковска ќе ја анализира снимката од Милошоски, па ќе одлучи како ќе ја користи

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција преку соопштение информираше за денешната средба на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Анотнио Милошоски со обвинителката Вилма Русковска.

„Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски. На средбата Милошоски достави аудио материјал за кој по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот“, пишува во соопштението.

Милошоски по средбата со Русковска изјави дека ѝ доставил само еден разговор, оној кој што го објавуваше на Комисијата за европски прашања. Откако на собраниска средница бараше дозвола од претседателот на Собранието Талат Џафери да објави уште еден аудио запис, за што не доби дозвола, Милошоски пред Обвинителството рече дека дал сѐ што поседува.

„Дадов сѐ што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие. Направивме уреден запис и обвинителката рече дека ќе го вметне како доказ во обвинението за ‘Меѓународниот сојуз‘. Ова дава сомнеж дека Зоран Заев знаел како се финансирал Сојузот, а помагал и при финансирањена 1ТВ“, рече Милошоски по средбата.

На новинарско прашање дали прашал до каде е случајот „Моќник“ во кој тој е првообвинет, кој со новиот Закон за Јавно обвинителство е надлежност на обвинителството на Русковска, тој само кусо одговори дека немал причина да се интересира за случајот.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе