Русковска: Камчев се спогоди, плати 5 милиони евра за да добие 1 година затвор за „Империја“

Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор, изјави за Топ тема на TВ Телма Вилма Русковска, раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Интервјуто ќе биде емитувано вечерва на Телма во 19:15 во редовниот термин на Топ тема. Русковска појасни дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.

„Предлог спогодбата со Камчев е прифатена во средата. Од фирмата Кара односно Орка Холдинг ќе бидат уплатени 320 милиони денари (околу 5,1 милион евра). Фирмата е на Орце Камчев. Тие средства треба да се уплатат на УЈП. Предлог-спогодбата беше верификувана од судија на претходна постапка. Ова значи дека нема да се води постапка против него, а тој се согласи на казна од една година затвор“, истакна Русковска.

„Пред 15-ина дена беше поднесена иницијативата. Каде што е предвидена казна затвор од 5 години, согласност мора да даде јавниот обвинител. Разговаравме со надлежната обвинителка Лиле Стефанова и доставивме предлог до државниот обвинител Љубомир Јовевски. За 7 дена добивме согласност, а во меѓувреме тој ги уплати средствата на УЈП“, рече Русковска.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе