„Изненадена сум. Вложив многу напори во обвинителството, имаме и најдобри плати, а сепак, за работа кај нас се пријавија само четворица обвинители, од кои двајца на кои им е истечен мандатот“, одговори Русковска на новинарското прашање за капацитетите на ОЈО ГОКК откако по сила на законот 13 обвинители во земјава мора да заминат во пензија.
На прашањето до каде е истрагата за поранешниот генерален секретар Мухамед Зекири и дали ќе биде побарано продолжување на притворот, Русковска одговори:
„Да, ќе бараме продолжување на притворот. А до каде е предметот за Зекири, во моментов не можам да дадам прецизен одговор, тоа најдобро го знае надлежниот обвинител“.