Со одлука на обвинителите

Рангелова и уште двајца обвинети ослободени од обвинение за случајот "Насилство во Центар"

Обвинителството се откажува од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски, изјави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судење за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

За обвинетата Рангелова, појасни Фетаи, во текот на главната расправа произлезе дека од нејзините дејатвија не произлегува делото за кое се товари.

„Од изнесените докази не се покажа нејзина инволвираност во делото и од тие причини не опстанува обвинението против неа“, изјави Фетаи.

За сите обвинети, појасни Фетаи, од изнесените докази се покажа нивната инволвираност, освен Андоновски и Богдановски.

„Однесувањето на двајцата немаат таков интензитет на насилно однесување и од тие причини се откажувам од гонење против нив“, изјави Фетаи.

Обвинителката Фетаи, го прочита прочистеното обвинение, според кое првообвинетиот Никола Груевски на 1 јуни 2013 година телефонски од второобвинетиот Миле Јанакиески побарал преку лицето Томислав Лазаров да организира група луѓе од централните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега осудениот Томислав Лазаров, кој призна вина, посочи таа, дал насоки поголема група да се организира и спречи пристигнувањето на градоначалникот Андреј Жерновски во општинската зграда, а под образложение дека ќе се гласа против изградба на црквата Св. Константин и Елена, која не била ниту на дневен ред.

„Груевски заедно со Јанакиески преку Лазаров ги поттикнале лицата Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Димче Крстев, Вангел Трифуновски, Митко Пецев (веќе осуден), Трајче Петковски и Игор Бошковски градоначалникот Андреј Жерновски да добие неколку шамари и биде исплашен од десетина лица на протест“, посочи Фетаи.

Конечно, тоа што двајцата телефонски договараат, и се случува на 7 и 10 шестти 2013 година.

„Не само што протестираат, туку и ја кршат оградата и прозорците на општинската зграда. Единствено нешто што не се случува е тоа што загрижен граѓанин не удрил шамар на градоначалникот. Ова е единствено отстапување од замисленото дело. Настаните кои следуваат, само ја потврдуваат автентичноста на разговорот“, изјави Фетаи.

Адвокатите од одбраната реагираа дека се прави повреда на постапката со продолжувавање на завршни зборови, по суштинска измена на обвинителен акт и бараа тоа да биде ставено на записник.

Процесот го води судијата Душко Јосифовски.

Во „Насилство во Општина Центар" обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе