Пред Основниот кривичен суд

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Достовски

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје.

Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече дека судењето на Достовски, кој е првиот активист за легализација на марихуана, трае неколку години и го гледаат како причина за надополнување на предложените законски измени и декриминализација на канабисот.

„Со надополнување на законот ние сакаме да го прекинеме црниот пазар, да ја сопреме достапноста на канабис за малолетни лица и државата да има финансиски бенефит од самата билка. Сите корисници да бидат регулирани и пријавени во Агенција за канабис. Да може секој пријавен возрасен над 21 година  да одгледува канабис дома, доколку е болен од посериозна болест да може повеќе. Да може секој пријавен и полнолетен член да поседува одредена количина во џеб на улица, да може да се отворат социјални клубови, преку кои билката ќе биде целосно регулирана и оданочена со 40 до 50 проценти“, изјави Узуновски.

Посочи дека ваквните измени на Законот за канабис, треба да бидат приоритет на новата влада и еден од првите десет закони во Собрание.

Судот на Филип Достовски, кој боледува од вид канцерогена болест, денеска му одреди условна казна за недозволено производство на масло од канабис.

„Во аптеките нема ништо што мене ми одговара. Нормално е дека мора сам да си го направам“, изјави Достовски, пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе