Пресуда за „Талир 2 “

6 години затвор за Груевски за изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, условна за Божиновски

Поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски се виновни за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот „Талир 2“, смета Основниот кривичен суд Скопје. Судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го води овој предмет, го осуди Груевски на казна затвор во траење од 6 години, а Божиновски доби условна пресуда. Договорите склучени за изградба на овој објект целосно се поништуваат, а седиштето и имотната корист се конфискуваат.

За разлика од обвинетиот Никола Груевски, кому му се суди во отсуство, Судот имаше можност да ја чуе одбраната на поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, рече судијката Алексовска Стојановска и додаде дека Груевски до сега е осуден на казна затвор од 2 години, а Божиновски е неосудуван. 

Таа посочи дека доказите му покажале на Судот дека двајцата обвинети сториле злоупотреба на службената положба. Судијката истакна дека Груевски и Божиновски само привидно создавале слика дека регуларно се гради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а доказите укажуваат дека тоа било сторено со договори спротивни на законот и додаде дека само опремата во фитнес-центарот на седиштето чинела 65 илјади евра. 

Таа ја упати јавноста да процени сама дали еден објект од 7 милиони евра може да се подведе дека е од јавен интерес или со сите вонстандардни димензии и луксузна опременост е многу повеќе од тоа.

Двајцата овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе. Пресудата за овој предмет не е правосилна и странките имаат право на жалба во рок од 15 дена по приемот на пресудата во писмена форма. 

К.Д.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе