Поранешниот обвинител Димоски: Задоволство ми е што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин

Со оглед дека последните речиси две години, заканите кои ги добивав од различни центри се однесуваа на мојот физички интегритет, морам да признам дека ми е задоволство што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин, пишува на својот фејсбук-профил Воислав Димоски, поранешен обвинител по денешната објава дека против него е покренат обвинителен акт.

„Без оглед каква е состојбата во правосудството, судницата сепак е мој терен, а околноста дека некој во сопствената интелектуална и стручна немоќ зел да ја злоупотребува позицијата за пресметка со неистомисленици, најмалку зборува за мене. И покрај непријатностите и околноста што е надвор од етиката и од законот лиферувањето на вакви информации, ми претставува задоловолство што самата дебата се преместува на терен на јавноста. Очекувајте целосно да ве информирам за текот на нарачаниот и политички мотивиран прогон кон мене и при тоа со задоволство да ги разобличам нарачателите на истиот.
Дедо ми велеше дека чавките секојпат напаѓаат во јато. Така и овојпат. Арно ама ние сме родени за посериозни битки, а не за бркање чавки. Слобода или смрт!“, напиша на својот фејсбук-профил Димоски, кој неодамна поднесе оставка од функцијата обвинител, а беше и кандидат за уставен судија. 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе