Поради боледување на судија одложено е судењето за случајот „Ласкарци“

Боледувањето на еден од судиите во случајот „Ласкарци“, го одложи денешното рочиште за овој предмет. Следната главна расправа е закажена за 15 октомври.

Како што велат од одбраната, се работи за голем предмет и поради тие причини судењето уште трае. 

„Обвинителството заврши со презентациј на доказите. На последните рочишта беше сослушан вештак предложен од првообвинетиот. Тоа траеше четири-пет дена. Имаше многу прашања. Сега следуват предлозите на второ обвинетиот“, вели адвокат Кадиев.

Во досегашниот судски процес за трагичната сообраќајка на патниот правец Тетово-Скопје, во близина на село Ласкарци, се презентираа многу вербални и материјални докази.

Дел од сведоците при нивните искази во суд најавија дека ќе бараат материјална штета од обвинетите и дека се приклучуват врз нивниот кривичен прогон. Додека други бара само надоместување на лекарските трошоци.

Воедно, вештачењата презентирани од страна на обвинителството докажаа дека шоферот на автобусот на ,,Дурмо Турс", трагичниот ден возел 99 км на час, наместо 80 км на час колку е дозволено за автобус тежок 15 тона.

Судењето за овој случај го води судијката Диана Илиевска-Груевска, додека обвинението го застапува обвинителот Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари г минатата година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, се обвинети шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс", Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе