За „Рекет“

ПИ мерки: Боки во Силуете, Кичеец во ОЈО, Јанева кај претседателот

Со наредба на обвинителката Вилма Русковска МВР ги следело Зоран Милевски и Бојан Јовановски, и тоа во периодот од јуни до крајот на јули 2019 година, а Катица Јанева била следена во август истата година до денот на нејзиното апсење.

На денешното рочиште за Рекет, за снимките обезбедени со ПИ мерки, Русковска објаснуваше дека Милевски и Јовановски биле следени во Скопје, Охрид и Струга. Од извештаите од МВР таа читаше дека Јовановски во придружба на непознато машко лице со возило „ренџ ровер“ бил во просториите на салонот за убавина Силуете, сопственост на сопругата на Милевски.

Русковска за Милевски прочита дека се движел на паркингот кај ОРКА, бил во посета на Пелистерка, а бил снимен како влегува и излегува од ресторанот Воденица и во просториите на Основното јавно обвинителство Скопје.

На снимките обезбедени со тајно следење обвинителката Русковска за Јанева прочита дека таа на 12 август била снимена како се упатува кон резиденцијата на претседателот, а следни нејзини движења биле забележани во наредните денови, и тоа во посета на адвокатската канцеларија Поленак, во банка и во аптека.

На 20 август Јанева е снимена во ресторанот Ден и ноќ, како и во ресторанот Казабланка, а примената на ПИ мерки завршува на 21 август во 13 часот, кога таа е уапсена.

Судот денеска дозволи на судењето за Рекет при презентацијата на овие снимки да присуствуваат и медиумите, бидејќи, како што претходно појасни Русковска, не се загрозува приватноста на таргетите што биле цел на следење.

Судењето за Рекет продолжува утре.

К.Д.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе