Во помошта, меѓу другото, се вклучени: камиони, тактички и оклопни возила и минофрлачки гранати, јавуваат полски медиуми.
Оваа информација била соопштена на последниот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина.
Точните типови на возила не се прецизирани во соопштението на кабинетот на шефот на косовската одбрана, но донацијата би можела да содржи американски возила „хамви“, камион мерцедес-бенц НГ1017А, или теренски возила ленд ровер дифендер.
Во случај да дојде до втор пакет помош, во него ќе има минофрлачки гранати од непознат калибар, но имајќи предвид што користи Косово, веројатно станува збор за калибри од 60, 81, 82 и 120 милиметри.