Оштетени штедачи: Молк од обвинителството за организираниот криминал во Еуростандард банка

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка веќе две години во континуитет известува за огромниот криминал што се случуваше во банката под будното око на целиот државен апарат, кој гласно молчел. Ниту Управата за финансиска полиција увидела криминални дејства, ниту пак Управата за финансиско разузнавање приметила нешто. Сепак, пари во банката нема, се вели во денешното известивање на Оштетени штедачи.

„Народната банка гласно молчеше додека поранешниот генерален директор на Еуростандард банка, Николче Петкоски, му додели неповратен милионски кредит на неговиот вујко преку фирмата АТВ Зеус. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска не успеа да го санкционира ниту директорот на експозитурата на Еуростандард банка во Кавадарци кога тој сам на себе си доделил милионски кредит од нашите депозити.

За овој организиран криминал молчи и обвинителството, иако мнозинскиот сопственик на банката Трифун Костовски, изјавува дека таа била неликвидна многу време пред нејзиното затворање. Тој пак, освен што им подели откази на неговите долгогодишни колеги неполна година пред затворање на банката и декларативно ги обвинува дека го покрале за милионски износи, не покренува никакви постапки против нив. А како претстедател на Надзорниот одбор на банката одобрувал кредити со високи суми на правни лица кои немале соодветно обезбедување ниту кредитоспособност за враќање на истите.

 Господа и госпоѓи во костуми, обвинители, истражители! Од затварањето на Еуростандард банка до сега, Светската здравствена организација прогласи крај на пандемијата, а и војната на европскиот континент некако се движи кон крајот. Од она што е јавно познато, криминалот околу Еуростандард банка ја чини државата преку 100 милиони евра. Досега.

Се поставува прашањето, до каде е истрагата за организираниот криминал во Еуростандард банка покрената од обвинителството уште во февруари минатата година? Помина долго време во молк на обвинителството додека законските рокови за нивна одлука се поминати. Кога ќе има одговорност?

Дали со вашето непостапување за разрешување на овој криминал во нашата заедничка држава оставате добар пример за младите? Дали имате доволно средства за вие и вашите деца да почнете живот во друга држава, бидејќи овде со нефункционален правосуден и истражен систем сме доведени до крајот на патот? Системот не функционира и за нас, а утре и за вас. Со вашето непостапување нанесувате непоправлива штета кон општеството, системот и младите.

Дали вреди?“

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе