По барање на Обвинителството, а со одлука на Судот

Определен притвор за 16-годишникот кој во сообраќајка усмрти 47-годишна жена

На 16-годишно дете по барање на Обвинителството му е определена мерка притвор која веќе ја издржува. Детето без довола со автомобил на таткото усмрти жена на Пластичарската улица. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка и притвор за дете во судир со законот на возраст од 16 години за кое постои сомневање дека извршило дејство кое со закон е определено како кривично дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На булеварот „Никола Карев" во Скопје, детето во судир со законот управувало патничко моторно возило „сеат леон" со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола, а брзината на движење на возилото не ја приспособил на условите на патот. Од тие причини, кога стигнал пред клучката кај Бит Пазар, не бил во можност навреме да го запре автомобилот и со предниот десен бочен дел од возилото удрил во телото на жена, која како пешак го поминувала коловозот надвор од обележан пешачки премин. Од ударот, оштетената добила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе