ОЈО Скопје: Славески треба да даде известувања за наводи од кривична пријава

Предметот е во фаза на претходна постапка, а Стојан Славески, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) е повикан во ОЈО Скопје како лице кое треба да даде потребни известувања во врска со наводи од поднесена кривична пријава. Конкретно кривично дело нема, бидејќи се работи на овој предмет и наводите се проверуваат. По ова ќе се одлучува што понатаму ќе презема обвинителот. Ова е одговорот на Основното јавно обвинителство Скопје на прашањето на МКД.мк за нивната покана до Славески „заради прибирање потребни известувања“.

Поканата на својот фејсбук-профил ја објави Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој вели дека предистрагата или истрагата се води за примање мито за издавање безбедносен сертификат на лица за работа во Брисел. Славески, исто така преку фејсбук, се заканува со тужба за клевета против Ковачки.

Драган Ковачки се повикува на анонимни извори дека против директорот на ДБКИ имало покренато обвинение за земање пари (мито) за испраќање на луѓе на дипломатска мисија во Брисел, како и за земање мито за издавање на безбедносни сертификати.

Неофицијално, од обвинителството на 5 јули веќе биле во посета на ДБКИ и ги побарале документите за упатувањата во Брисел. Се работи за поднесена кривична пријава од поединец за сомневања за наместен конкурс. 

А.Д.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе