По СЈО и ОЈО ГОК

ОЈО Скопје ќе го истражува случајот „МПМ“ и згаснувањето на „Вест“, „Утрински весник“, „Дневник“...

Случајот „МПМ" за кој истрагата започна во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), па потоа беше предаден во Основното јавно обвинителство за гонење на оргазнизиран криминал и корупција (ОЈО ГОК) , пред една недела бил предаден на Основнот јавно обвинителство, Скопје поради утврдена надлежност. За овој предмет предистрагата и истрагата ја водеше обвинителката Лиле Стефанова. Предметот „МПМ“ се однесува на згаснувањето на весниците „Вест“, „Дневник“ и „Утрински весник“, „Теа модерна" и „Македонски спорт". 

Истрагата која првично ја водеше сега згаснатото СЈО не застана кај оние фирми што претходно беа опфатени во отворената истрага за „Империја".

Таа беше проширена и за „Графички центар" и за „Медиа принт Македонија" (МПМ).

Во текот на истрагата за овој предмет за време на СЈО беа направени претреси во фирмите, осомничените беа на распит во СЈО, а се собираа и докази.

Се открија и оние што стоеле зад фирмите, односно зад „Графички центар", а тоа се Мирослав Његач и Орце Камчев, а зад МПМ Орце Камчев, Јана Станисављева и Срѓан Ќерим.

Во периодот пред да биде отворен стечај на МПМ, вработените во „Вест", „Утрински весник", „Дневник", „Теа модерна" и „Македонски спорт" се соочува со доцнење на плати, а последните неколку плати останаа неисплатени.

Станисављева на средби со новинарите тогаш појаснуваше дека фирмата се соочува со финансиска криза, а потоа беше отворен стечајот.

К.Д.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе