Обвинителството води предистрага за случајот со дивоградбите под хотелот Радика во Маврово

Врз основа на барањето на група граѓани Спас за Маврово во кое беа дадени низа предлози, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција согласно своите надлежности отвори предмет со цел да го испита настанот, се вели во одговорот на обвинителството на прашањата на МКД.мк.

Според обвинителствиото се води предистражна постапка и по овој предмет активно се постапува.

„Предметниот обвинител од низа надлежни институции има побарано информации и материјални докази што цени дека се од суштинско значење за донесување на јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката. Во меѓувреме се сослушуваат и лица во својство на сведоци и се преземаат и други процесни дејства во насока на расчистување на случајот. Со оглед на тајноста на предистражната постапка во моментов не може да споделиме повеќе детали“, се вели во одговорот на обвинителството.

Инаку, во врска со случајот со деветте дивоградби на инвеститорот Радика ресорт за кои ушре на 5 септември има издадено и решение за уривање по кое сè уште никој не постапува, поднесени се и три кривични пријави.

На 5 октомври двајца управители на „Радика ресорт“ од Леуново добија кривични пријави. Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт" ДООЕЛ увоз-извоз. Пријавените во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, во текот на 2017 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект „Радика Ресорт“ ДООЕЛ, во својство на инвеститори, без да обезбедат одобрение за градење и да платат комуналии, противправно започнале и извеле градежни активности – изградба на девет нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика, спротивно на член 57 од Законот за градење.

„И покрај извршениот инспекциски надзор и донесениот записник од страна на Одделението за инспекциски надзор при Општина Маврово и Ростуше за запирање на изградбата, пријавените преку правно лице ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз (инвеститор) продолжиле со градежните активности на бесправно изградени објекти, при што извеле изградба на девет нови објекти во функција на депанданси на хотел Радика“, соопшти Управата за финансиска полиција.

На 8 октомври поднесена е уште една кривична пријава за дивоградбите во Леуново, против сопственикот на „Радика ресорт“ Шериф Рамука (42) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба".

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Р.(42) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба". Во периодот од 10 јули до 20 септември, на место сопственост на хотел во село Леуново, општина Маврово и Ростуше, Ш.Р., сопственик на фирма, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнал изградба на осум објекти – бунгалови од цврста градба", соопшти тогаш МВР.

А.Д.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе