Обвинителството се зафати со регистрацијата на „Цар Борис Трети“ и со клубот „Ванчо Михајлов“

Охридското обвинителство по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети" – Охрид. Како што информираат од Јавното обвинителство, издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение. Воедно, се истражува и случајот со отворањето на клубот „Иван Михајлов“ во Битола.

Зградата на државното Обвинителство во Скопје

Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, исто така, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов".

Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда.

Легенда под Главна слика

Зградата на државното Обвинителство во Скопје

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе