Обвинителството очекува Села да достави докази дека во училишта се „копаат“ криптовалути

Јавно обвинителство очекува претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села да им достави докази во врска со прашањето што го покрена синоќа во емисијата „Клик плус“ дека во некои училишта каде што директоруваат кадри на ДУИ се „копаат“ криптовалути.

„Секој што поседува докази за извршување на кривично дело мора да ги достави до надлежните органи. Јавното обвинителство, согласно своите законски надлежности, ги следи сите информации и ќе поведе постапка доколку се обезбедат докази со кои се докажува извршувањето на кривичното дело", соопштиле од Обвинителството за Порталб.мк.

Според порталот, претставници на Алијансата за Албанците собираат детали за можноста да бидат доставени до Јавното обвинителство.

Села синоќа рече дека има информации дека во некои училишта каде што директори се кадри на ДУИ се ископуваат криптовалути.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе