Обвинение за две лица за злоупотреба и измами со уплати на данок во Град Скопје, „заработиле“ 55 илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица, од кои едниот се товари за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а вториот за продолжено кривично дело Компјутерска измама, информираат од Обвинителството.

„Првиот обвинет, на возраст од 26 години, ја искористил својата службена положба како помлад референт за архивирање на документација во Одделот за присилна наплата, прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и надоместоци на Град Скопје. Преку работното место тој имал контакт со граѓани кои поднесувале даночни пријави за данок на промет, данок на имот и данок на наследство, па им нудел услуга, да изврши плаќање на износот на данокот во нивно име за да не чекаат на шалтерите во банките каде се врши уплатата. Тој притоа барал износот на данокот според Решението за плаќање данок да му го дадат во готово нему, но наместо да го уплати целосниот износ на даночната обврска, вршел уплата на минимален износ, а останатиот дел од парите ги присвојувал со вториот обвинет“, се наведува во соопштението.

Вториот обвинет, на возраст од 38 години, како вработен во Одделението за присилна наплата, прием, издавање, заверка на документи за даноци, такси и други надоместоци на работно место Соработник за присилна наплата, стручни работи за прием, издавање и заверка на документи за даноци и такси имал овластување да пристапува до компјутерскиот систем на Град Скопје во кој се евидентираат уплатите од граѓаните по основ на данок. Според Обвинителството, со намера за себе и за друг да прибави противправна имотна корист, тој преку неговиот компјутер, користејќи ја сопствената лозинка, електронски ги менувал податоците за извршените уплати за данок и прикажувал дека износот на даночниот долг е целосно подмирен. Со ова тој ги доведувал во заблуда лицата задолжени за контрола на извршените уплати по различен даночен основ. По заверка на договорите од нивна страна, вториот обвинет повторно пристапувал во компјутерскиот систем и ги враќал податоците во претходната состојба на даночниот долг.

На овој начин, двајцата обвинети во периодот на 2018 и 2019 година, преку уплатите од 20 даночни обврзници, го оштетиле Буџетот на Град Скопје, како и буџетите на општините Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Центар и Гази Баба, за вкупен износ од 3.410.366 денари.

За двајцата обвинети на сила се претходно определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните или други исправи за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе