Собрание

Ново продолжение на комисиската расправа за изборот на Јовески за уставен судија

Членовите на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата денеска треба да ја продолжат расправата за изборот на јавниот обвинител Љубомир Јовески за уставен судија.

На седницата што се одржа во петокот заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова најави дека опозициските пратеници ќе имаат долги говори, и го повтори ставот на партијата зошто не го поддржуваат Јовески да стане уставeн судија. Таа потенцира дека тие колку што можат подолго демократски ќе го одолговлекуваат гласањето за него, сакајќи да спречат тој да стане уставен судија.

„Сметаме дека е одговорен за криминали и афери што тој не ги расчистил“, рече таа, додавајќи дека Јовески, но и Татјана Васиќ Бозаџиева, која исто така е предлог на владејачките партии, не смеат да бидат уставни судии.

Членовите на оваа Комисија изминатите денови дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ.

Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот. 

 

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе