Судската постапка стои во место

Ни 8 судски ургенции не помогнаа да се изготви супервештачењето за случајот „Ласкарци“ кое се чека 10 месеци

Писмени и усни ургенции испратил претседателот на Основниот кривичен суд, Иван Џолев до вештаците кои треба да го изготват супервештачењето за предметот „Ласкарци“. Ова вештачење кое се однесува на сообраќајната несреќа која се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица. Како што брифираат од Обвинителството, испратени се дури осум писмени ургенции, бидејќи веќе десет месеци се чека ова вештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс", одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе