Нанев: Нема институција исклучиво за девојчиња кои биле во судир со законот

Во моментов во Воспитно-поправниот дом Идризово, каде се сместуваат женски деца, кои дошле во судир со законот, а на кои им е изречена казна упатување во воспитно поправен дом, нема штитенички, бидејќи на трите девојчиња, кои биле таму им е истечена мерката. Во Воспитно поправниот дом во Идризово, девојчињата се сместуваат во посебен простор, кој сепак е дел од затворот и кој не е прилагоден за издржување на оваа мерка, така што штитеничките, кои пристигнуваат таму всушнот се изложени на влијанија од полнолетните женски лица, кои издржуваат мерка затвор.

Судијата Лазар Нанев денеска информираше за условите на девојчињата во ВПД и рече дека од минатата недела сите деца, женски, коишто се наоѓале во одвоениот дел во Идризово, се отпуштени и нагласи дека државата, односно правосудниот систем успеал да креира нови алатки.

„Тоа е уште еден показател дека сме заеднички посветени, правосудниот систем и државните органи да создаваме услови во средините, односно во семејството каде што доаѓаат децата. И ова е еден показател односно една стратегија каде што центрите за социјална работа ќе ја имаат клучната улога во благосостојбата и најдобриот интерес на децата“, истакна Нанев на маргините на денешната промоција на Националната стратегија за превенција и правда за децата 2022 – 2026 година и Акциски план 2022-2023 година.

На прашањето што доколку има потреба од упатување на други девојчиња во ВПД, Нанев рече дека се уште нема институција исклучиво за девојчињата, бидејќи ВП Домот во Волковија е само за момчиња, така што тие би биле сместени повторно во Идризово.

„Не можат да бидат сместени и девојчињата и момчињата во иста градежна целина. Исто ќе бидат сместени. Ние се уште немаме посебна институција исклучиво за женски лица и нормално најголемиот дел од критиките доаѓа токму од меѓународната заедница во која насока треба да се движи државата. Една од нашите активности е токму во делот дека државата мора во наредниот временски период да изнајде решение односно да создаде институција која што според своите архитектонски градежни решенија ќе биде издвоена од КПД Идризово каде што казната ја издржуваат полнолетни машки и женски лица“, додаде Нанев.

Девојчињата на кои им се изречени ваков тип на мерки се упатуваат во затворот во Идризово. 

Во сторијата на МИА за условите во импровизираниот ВПД за девојчиња во Идризово, која беше дел од серијалот стории за децата во судир со законот и воопшто за условите во кои ја издржуваа мерката упатување во ВПД, беше објавено дека кога имаат потреба од нешто, малолетничките, сместени во адаптирана соба во ходник во рамките на Казнено-поправната установа Идризово, се принудени да викаат преку прозорецот од тоалетот, бидејќи немаат уред за повик до службите.

Овие штитенички, спротивно на законот, беа сместени во просторија која не обезбедува целосна изолација, односно, оневозможување контакт со осуденичките со кои се во допир при добивање на храната и при користење на слободно време за прошетка на отворено.

Малолетничките беа сместени во една трошна и студена просторија за која изјавиле дека понекогаш нема и вода. Единствена активност таму им е цртањето и прошетката во дворот, кој го делат со останатите возрасни затворенички и за кој мора да чекаат слободен термин.

За разлика од нив, штитениците во Воспитно-поправниот дом – Тетово, каде лани беше сместено 21 момче, имаат уредни, опремени соби, тоалети, училници, теретана, игралишта на отворено, менза, работилници и многу други алтернативи со кои на креативни начини го исполнуваат нивното слободно време. Со штитениците во Волковија работи тим од воспитувачи, како и психолог, педагог и социолог, додека, во Идризово, малолетничките имаа само една воспитувачка која ја делат со сите останати затворенички.

По сторијата на МИА, за нееднаквиот третман на девојчињата, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на 17 март 2022 година донесе одлука да покрене постапка по службена должност заради постоечки индиции за дискриминација врз основа на пол, род. 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе