МВР поднесе кривични пријави за 12 учесници во демонстрациите

Полицијата привела вкупно 15 демонстранти, од кои три малолетни лица, кои прексиноќа извршиле напади врз специјалната полиција и зградите на Владата и Собранието на Македонија. До обвинителството се поднесени 12 кривични пријави. Судот за едно лице определи притвор, а за седум лица домашен притвор.

„Во врска со извршено кривично дело 'учество во толпа што ќе изврши кривично дело', по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 5 јули 2022 година за време на граѓански собир пред Собранието на РСМ, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградата на Собранието на РСМ, зградата на Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, полициско возило и разни видови полициска опрема, од слобода беа лишени најпрво 11 лица, а по утврдување на идентитетот, дополнително уште 4 лица, или вкупно 15 приведени лица, од кои три малолетни.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, по преземени мерки и активности, против 12 лица е поднесена кривична пријава во брза постапка“, се вели во соопштението на МВР.

Пријавените лица во текот на вчерашната вечер се изведени пред Судија на претходна постапка, од чија страна на едно лице му е изречена мерка притвор, а на седум лица мерка куќен притвор.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе