Со наредба на Русковска

МВР ги снимало Јовановски и Кичеец во Скопје и Охрид

Снимки од тајното следење на Бојан Јовановски и Зоран Милевски беа презентирани денеска на судењето за „рекет“. Овие снимки се обезбедени од лица од МВР со наредба на обвинителката Вилма Русковска, направени се за период од еден месец, односно од крајот јуни и почеток на јули минатата година и се направени на две локации, односно Скопје и Охрид.

Снимките траат од неколку секунди до неколку минути и на нив се гледа движење на Кичеец и Боки 13 низ локалите во Скопје, а потоа и во Охрид. Обвинителката Русковска појаснуваше дека Кичеец се возел со „порше“, „лендровер“ и „мерцедес“, главно бил совозач, а автомобилите ги возело Н.Н. лице. Како што појасни Русковска, има снимки на кои лицата кои биле таргет се забележани во ресторанот „Воденица“, во хотелот „Мериот“, во „Александар Палас“, кафе барот „Интермецо“, на паркинг во болницата „Аџибадем Систина“.... Русковска ги опишуваше улиците, местата и времето кога се направени овие снимки, како и лицата кои ги придружувале Јовановски и Милевски. Користеше зборови како средноразвиен, неразвиен, развиен, висок 175 цм, облечен во некаква облека, опис на фризурата, боја на коса...

Следна локација после Скопје беше Охрид, каде Милевски се возел со „мерцедес“ и четирицикл. Движењето му е главно во ресторанот „Порта“и на пристаништето во Охрид. Јовановски, според обвинителката, се возел во „ренџровер“ и на една од снимките се гледа како пристигнува пред домот на поранешната обвинителка Катица Јанева.

Во период додека беа презентирани дел од снимките одбраната на Јовановски и Јанева бараа Русковска да ги појаснува видеата. По ова обвинителката почна да чита дел од извештаите кои ги добила од МВР, а се однесуваат на снимките. Одбраната реагираше дека обвинителката чита извештај за снимка направена преку ден, а на екранот во судница оди видео од ноќните часови.

Со реакција се јави и обвинетиот Јовановски кој рече дека многу е несериозно обвинител во ваков предмет да доаѓа на судење неподготвен.

Во продолжение на судењето ќе бидат презентирани останатите докази на обвинителството.

К.Д.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе