Мухамед Зекири останува во притвор

Откако денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена, поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири останува во притвор, потврдија извори од Судот за МИА.

Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого ОЈО-ГОКК го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања. Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април, а првото продолжување на 5 мај. За двете одлуки Зекири поднесе жалби, кои беа одбиени.

Обвинителството го товари Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941.985 евра што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги. 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе