Милошоски: „Моќник“ е политички мотивиран случај

Деновиве ги известив и поканив овој предмет да го следат "Коалицијата за правично судење", Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на ЕУ, со цел самите да се уверат дека се работи за арбитререн правно неоснован и политички мотивиран случај, изјави денес во Основниот кривичен суд, Антонио Милошоски, обвинет во случајот „Моќник“. 

„Обвинителниот акт е компромитиран по два основи, прво истрагата ја почнала специјалната обвинителка Катица Јанва, која се занимавала со рекетирање, а продолжена е од нејзината другарка Фетаи, за која Држ.ревизија утврдила дека незаконски земала надоместок од 87.000 евра од СЈО. Свесен сум дека дел од обвинителството е под директна контрола на власта и затоа очекувам тие да го користат аргументот на силата, но одбраната со силата на аргументите ќе докаже дека случајот е правно неиздржан и има политичка димензија и цел“, додаде обвинетиот Милошоски. 

Денешното рочиште за овој случај беше одложено. 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе