Одложено првото рочиште

Милошоски бара меѓународна помош, вели дека случајот „Моќник“ е политички процес, сите сведоци на обвинението се од СДСМ и ДУИ

Актуелната власт преку политичко-обвинителски процеси врши притисок врз политичките противници, изјави денеска Антонио Милошоски кој е обвинет за измама и за злоупотреба на службената положба во случајот „Моќник“, а обвинението е застапувано од обвинителката Фатиме Фетаи, поранешна обвинителка во Специјалното јавно обвинителство.

Денешното рочиште за овој случај беше одложено за 23 декември. Милошоски заедно со уште 12 лица се обвинети за продажбата на објект во село Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела Општина Пласница.

За овој судски процес Милошоски се обратил и до претставници на меѓународната заедница за да го следат судскиот процес сѐ со цел заштита на човековите права и добивање на фер и правично судење.

Одбраната на Милошоски смета дека обвинението е без опис на кривичното дело, време и дејство на извршување. „Во обвинението нема ниту еден збор со кој се докажува мое учество во дејствата на извршување на кривичните дела кои ми се ставаат на товар. Обвинителот не опишал со кои дејства сум ги извршил кривичните дела измама и злоупотреба на службената положба, на кој начин, ниту има време и место, ниту пак приложил докази за неговите тврдења, со што сторил повреда на чл.321 од Законот за кривична постапка. Единаесет советници на општина Македонски Брод не знаат дека биле доведени во заблуда од обвинетиот, а обвинителот го тврди спротивното. Правен апсурд во обвинението е тврдењето дека сум довел во заблуда лица (11 советници) со кои никогаш сум немал никаква лична, правна и деловна комуникација. Притоа овие советници, за кои се тврди дека биле во заблуда, за правните акти за кои гласале и донеле едногласна одлука никогаш не иницирале процедура за понштување тие акти доколку биле донесени во заблуда“, се вели во писмото на Милошоски испратено до претставниците на меѓународната заедница во Македонија.

Според неговата одбрана, обвинителот тврди дека Милошоски вршел притисок врз лица и институции, но не наведува кои се тие лица. Во обвинението се тврди дека „од позиција на пратеник Милошоски вршел притисок врз органите на државната управа (Влада, министерства, државни институции), Државно правобранителство и судовите”, без притоа да се спомене врз кои лица, со име и презиме, на кој начин и кога било вршено влијанието. Сето ова се тврди без да постои изјава или какво било друго правно дејство на лица од посочените институции кое докажува дека врз некого воопшто е вршен притисок.

Во писмото се наведува дека сведоци на обвинението се политички претставници на власта со контрадикторни изјави - Анета Симеска, доскорешен пратеник од редовите на СДСМ, Исмаил Јахоски, актуелен пратеник од редовите на ДУИ (претходно бил 8 години градоначалник на Пласница од редовите на СДСМ и 10 години градоначалниик од ДУИ), Невзат Бејта, поранешен градоначалник на Гостивар и министер од редовите на ДУИ, Муса Џафери, поранешен министер и висок функционер на ДУИ и Стојанче Петрески, поранешен советник во општина М.Брод, во два мандати, од редовите на СДСМ. Ова се лица кои се директни политички противници на Милошоски, „што е доказ за политичката заднина на обвнинението“, вели одбраната.

Во обвинението се тврди дека Милошоски поттикнал 10 лица (членови на Комисијата за лустрација од различни политички партии) да го лустрираат судијата Драган Билески. Во писмото се вели дека Милошоски не бил во позиција да влијае, немал ни личен мотив за лустрација на судијата Билески. Дополнително, одлуката за лустрација е иницирана од трето лице како оштетен, и истата е потврдена со oдлука на Управниот и Вишиот управен суд, се вели во писмото.

„Обвинителниот акт е заснован на материјали кои и самиот Закон за Јавно обвинителство ги исклучил како докази. Во член 110 став 3 од Законот за јавно обвинителство од 2020 година материјалите и транскриптите од материјалите од незаконски прислушуваните материјали по 30 јуни 2017 можат да се користат само како индиции и на нив не може да се заснова обвинителен акт или обвинителен предлог и истите не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката по поднесениот обвинителен акт или обвинителен предлог. Спротивно на оваа законска одредба, овие материјали (компромитирани и невештачени) во обвинението се претставени како „посредни докази“ (термин што не постои во ЗКП)“, велат од тимот адвокати на Антонијо Милошоски. Тие додаваат и тоа дека чудно е што во обвинението Милошоски се товари за вршење притисок врз судии за носење на спорни одлуки, без наведување на ниту еден судија со име и презиме, ниту пак некој судија е опфатен со обвинението за несовесно или незаконито носење на одлуки.

Според вештачењето од 2013 година од Бирото за судски вештачења општината во овој случај не била оштетена.

А.Д.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе