Течат роковите за пресудите на ексшефот на УБК

Живот зад решетки или на слобода: Мијалков има вкупно 21 година затвор, но засега само на хартија

Затворска казна од 8 години за случајот „Трезор", затвор од 12 години за „Таргет-Тврдина" и казна затвор од 1 години и 3 месеци за случајот „Плацеви на Водно". Вкупно 21 година и 3 месеци затворски казни има поранешниот шеф на УБК (Управата за безбедност и контраразузнавање), Сашо Мијалков, но засега само на хартија. Овие пресуди се првостепени и донесени од Основниот кривичен суд Скопје и ниту една од нив не е правосилна. За првите два предмети во тек се жалбените постапки во Апелацискиот суд во Скопје, а за третиот Мијалков треба да ја добие пресудата прво во писмена форма, па потоа, доколку одлучи, може да поднесе жалба до второстепениот суд.

Од Апелацискиот суд Скопје за МКД.мк велат дека за жалбите на првостепените пресуди од „Трезор" и Таргет-Тврдина" одржани се јавни седници, но одлука за поднесените жалби нема. Од второстепениот суд додаваат дека одлуките наскоро ќе бидат донесени и соопштени во јавноста.

За случајот „Трезор“, од 13 април 2021 Мијалков доби казна затвор во траење од 8 години заради Злоупотреба на службената положба и овластување, а за „Таргет-Тврдина" на 26 февруари 2021 година осуден е на 12 години затвор заради Злоупотреба на службената положба и овластување и Примање награда за против законите влијание.

За предметото „Плацеви на Водно“, 21 април годинава тој доби казна затвор во
траење од 1 година и 3 месеци за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е во фаза на писмена изработка.

Против Мијалков во првостепена постапка е активен предметот за случајот „Титаник 2 " кој предмет по првостепена пресуда и добиена жалба, беше вратен на повторно постапување од Апелацискиот суд Скопје.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на прашање на МКД.мк не откри дали поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и газдата на „Пелистерка" Цветан Панделески побарале да се спогодат со Обвинителството за случајот „Империја".

Повикувајќи се на презумцијата на невиност, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК) не даде одговор ниту дали некој од останатите обвинети побарал да признае вина и да се спогоди за помала казна.

Ако Мијалков реши да признае вина и да се спогодби за да добие помала казна, ќе треба да и плати на државата повеќе од петте милиони евра што ги уплати Орце Камчев, бидејќи замрзнатиот имот на Мијалков е проценет на сума од 32 милиони евра.

Поранешниот прв човек на УБК, Мијалков беше во притвор во Истражниот затвор во Шутка, како и во куќен притвор. 

Во ќелија во Шутка, Мијалков беше од 26 февруари, 2021 до 13 април, 2021 па потоа истиот ден кога требаше да излезе, беше донесено ново решение за притвор кој траеше до 22 декември. Мијалков излезе од Истражниот затвор во Шутка на 29 декември, 2021 година. 

 За сега тој е на слобода и редовно се појавува на сите судски рочишта. Од одлуките на повисоките судови ќе зависи дали тој ќе помине 21 година во затвор или ќе биде слободен. 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе