Маркудова замина во пензија, Уставниот суд останува со шест судии

После девет години мандат судијката Вангелина Маркудова и официјално замина во пензија, информираа од Уставниот суд. Со заминувањето на Маркудова, судот од  од денеска работи со шест од предвидени девет судии.

Последна иницијатива по којшто работеше судијката Вангелина Маркудова беше на последната седница на Уставниот суд на 7 декември а се однсеува на Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица. По овој предмет Уставниот суд поведе постапка, односно изрази сомнеж во уставноста на дел од законот кој им овозможува на разрешените функционери или оние кои сами си дале оставка да земаат плата (апанажа) и по завршувањето на мандатот.

„Ова е моја последна седница во Уставниот суд и сум горда што ќе се пензионирам и ќе си заминам со крената глава и чист образ. Го дадов својот максимум и секогаш, пред сѐ и над сѐ кога одлучував на ум ги имав граѓаните и нивните права", кажа Маркудова на прошталната средба со колегите.

А претседателката на судот, Добрила Кацарска оцени дека Маркудова била пример за професионален судија.

„И благодарам на колешката Маркудова затоа што даде пример што значи да се биде професионален судија без дамка и афера во нејзината правосудна кариера, посветен работник кој сите овие години обврските ги завршуваше дисциплинирано во работно време без да пропушти ден на работа и особено ми е драго што до крајот на својот работен век остана мирољубива и толерантна личност од која многумина може да учат. ", кажа Кацарска.

Вангелина Маркудова работи активно во правосудството од 1984 година, почнувајќи како приправник и стручен соработник во општинскиот суд Гевгелија во кој во 1986 година е избрана за судија. Во 1996 година е избрана за судија во Основниот Суд Скопје I во којшто од 2007 до 2013 постапува во одделението за организиран криминал и корупција. На 21 ноември 2013 година е избрана за уставна судијка како предлог на Судскиот совет, нејзиниот мандат почнува да тече од 7 декември 2013 и заврши на 7 декември 2022 година.

Вангелина Маркудова како уставна судијка во својот деветгодишен мандат работеше на 256 предмети како судија-известител.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе