Македонското Министерство за правда побара екстрадиција на Иванагиќ, Хрватот соработник на Мухамед Зекири

Министерството за правда почна постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ од Словенија. Од таму соопштуваат дека е добиено известување од Интерпол дека Игнатовиќ е лишен од слобода во Словенија по распишана меѓународна потерница. Сега Министерството за правда на Словенија треба да одлучи дали ќе го прифати барањето на македонските власти и дали Иванагиќ ќе биде екстрадиран во Македонија.

„Ве известуваме дека е отпочната постапка за екстрадиција на хрватскиот државјанин Даниел Иванагиќ од Словенија. Добиено е известување од Интерпол Скопје дека Иванагиќ е лишен од слобода во Словенија врз основа на распишана меѓународна потерница од надлежните правосудни институции. Барањето за екстрадиција е доставено до Министерството за правда на Словенија согласно роковите утврдени со Законот за меѓународна соработка во кривична материја и Европската конвенција за екстрадиција, поради основано соменние за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување", соопштија утрово од Минстерството за правда. 

Иванагиќ , хрватски државјанин, косопственик на компанијата Интерхолдинг, која се споменува во случајот со притворањето на поранешнииот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири и Македонска пошта е во екстрадициски притвор во Словенија. 

Откако на Зекири му е одреден куќен притвор од здравствени причини, откако речиси еден месец бил во Инфективната клиника во Скопје поради труење, одбраната на Иванагиќ се повикува на извештаите за лошите услови во македонските затвори и на овој неразјаснет инцидент.

Негативен е годишниот извештај за условите во македонските затвори на народниот правобранител на Македонија. Слични негативни заклучоци за македонските затвцори има и во извештајот на Комитетот за превенција на тортура и нехуман третман

Иванагиќ, според македонски Интерпол, е осомничен за помагање на Зекири во наводната злоупотреба на службената положба и овластувања при изработката на студијата за реструктуирање на Македонска пошта.

Зекири негира дека во овој случај има каква било злоупотреба на службената положба. Македонските истражни органи сега го чекаат притворот за Иванагиќ во еден од македонските затвори за да може под нивен надзор да добијат негови искази против поранешниот генерален секретар.

Обвинителството сѐ уште работи на прибирање на доказите и чека на исказите на Иванагиќ. Но, од другата страна има сериозни сомневања за труењето на Зекири за кое сѐ уште не е официјално соопштено од што настанало и можноста за повторување на случајот и кај другите осомничени во овој случај.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 8 април соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и против, тогаш генералниот секретар на Владата.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе