Ако до декември не бидат избрани новите уставни судии

Македонија влегува во уставна криза

Уставниот суд денеска испрати писма до Судскиот совет и до Собранието со кои ги известува за истекот на мандатот на уставната судијка Вангелина Маркудова на 7 декември 2022 година и дека исполнети се условите за започнување на постапка за утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд.

Ако за два месеци не бидат пополнети испразнетите места, на Уставниот суд од декември годинава му се заканува тотална блокада. Поради ова претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска испрати писмо до претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска со кое ја информира дека на почетокот на декември истекува мандатот и на судијката Вангелина Маркудова со што судот останува со четворица судии.

„ Согласно ова, исполнети се условите за започнување на постапка за утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд од редот на судиите. Истовремено, без да навлегувам во надлежностите и начинот на работа на Судскиот совет, сакам да укажам на потребата од благовремено утврдување предлог за избор на нов судија. Во прилог на ова е и сегашната состојба во Судот којшто работи на граница на кворум поради неизбирањето на останатите четворица судии од страна на Собранието, на што се чека веќе 17 месеци. Следствено на ова, доколку со истекот на мандатот на судијата Маркудова, продолжи алармантната состојба во Уставниот суд, државата ќе се најде во уставна криза. Како последица на тоа, ќе нема услови за одржување на седници и Судот ќе биде оневозможен да врши контрола на законите и прописите и да ги штити правата и слободите на граѓаните", нагласува Кацарска во писмото.

Писмо со слична содржина Кацарска денеска му испрати и на претседателот на Собранието, Талат Џафери за да го потсети дека очекува пратениците во најкус можен рок треба да ги изберат уставните судии што ги избира Собранието.

„Во прилог на ова, апелирам на сериозен пристап од страна на сите пратеници кон Уставниот суд и очекувам да ги изберете сите пет уставни судии, бидејќи со истекот на мандатот на судијата Маркудова на седми декември оваа година, државата ќе се најде во уставна криза. Како последица на тоа, ќе нема услови за одржување на седници и Судот ќе биде оневозможен да врши контрола на законите и прописите и да ги штити правата и слободите на граѓаните", предупредува Кацарска.

Ако до почетокот на декември годинава не бидат избрани пет нови уставни судии на Македонија е се заканува уставна криза.

 И.О.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе