Љубомир Михајловски останува на чело на Адвокатската комора

На денеска одржаното Годишно собрание Адвокатската комора му довери нов мандат на претседателот, адвокатот Љубомир Михајловски, а беа избрани и членови на Управниот одбор на Комората.

Михајловски, кој по втор пат ја добива довербата на адвокатите за прв човек на Комората, во својот говор на отворањето на Собранието порача дека силата на адвокатурата, која во моментов брои 2.800 активни адвокати и дополнително стручни соработници и приправници, е во единството, како неопходен услов за унапредување на професијата.

Тој ја истакна важноста на адвокатурата како неприкосновена уставна категорија, независна и самостојна професија што преставува гаранција за обезбедување непристрасна правна помош. Во своето излагање, Михајловски истакна дека членовите на Комората мора да се единствени и неподелени по партиска, етничка или верска припадност.

„Единството е сила која што ја одржува адвокатурата и ја води напред. Независноста и нејзиниот интегритет е од битно значење за адвокатурата и правниот систем на државата. Оттаму неопходно е поддршка од целокупното членство во оваа заложба. Без поддршка од секој член на комората, нема да има прогрес и просперитет во работењето. Членовите кои ќе бидат избрани мора да работат во интерес на сите адвокати. Тие не смеат да бидат чувари на поединечни интереси и со своето работење мораат да ја штитат и унапредуваат адвокатурата“, рече претседателот на Комората.

Михајловски истакна дека досегашниот Управен одбор имаше директното учество преку претставници на Комората во создавањето на бројни законски решенија во функција на владеење на правото и унапредување на адвокатурата како заштитничка на човековите права, потоа во соработката со домашни и странски организации и институции, како и за купувањето нови деловни простории на Комората, но и во однос на обуките на адвокатите и учеството на стручни и други настани.

„Постигнавме сè што зацртавме за овој мандат, а постигнато е многу. Би сакал да потенцирам дека Комората во моментов е финансиски стабилна, а собравме и средства со кои купивме деловен простор од 400 метри квадратни кој содржи: конференциска сала наменета за обуки, канцеларии, архива, приемен дел, 11 паркинг места, итн. Деловниот простор е купен без да се задолжиме ниту денар никаде, а истовремено во сопственост на Комората остануваат и досегашните простории. Истите ќе придонесат и за поефикасен пристап на граѓаните до Комората. Ова е успех на сите адвокати, кој успех заедно го постигнавме. Во седиштето на Kомората имаме услови за одржување на обуки, работилници и други настани за постигнување на квалитет во едукација и работење на адвокатите. Сега имаме силна основа за идните генерации кои ќе доаѓаат и кои треба да ги продолжат успесите за градење на моќна и модерна адвокатура“, рече Михајловски.

Тој додаде дека Комората во моментот има поддршка и ужива углед кај сите домашни институции и меѓународни организации, како што се Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Европската Унија, Советот на Европа, УНХЦР, ОБСЕ и други. Во рамките на овие соработки само во изминатата година се реализирани бројни обуки на кои учествуваа шестотини адвокати. 

Во рамки на Собранието беа избрани и членови на останатите органи на Комората, односно на Надзорниот одбор, Дисциплинскиот суд и Дисциплинскиот обвинител, како и на Жалбениот совет, наведуваат од Адвокатската комора.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе