Кривичниот суд донесе пресуди за 723 лица за непочитување на полицискиот час

Основниот кривичен суд Скопје , по однос на казнените налози издавани од скопското Обвинителство за непочитување на полицискиот час кој траеше до 26 мај како превентивна мерка за заштита од ковид-19 досега имаа донесени пресуди за 723 лица. 

Основното јавно обвинителство – Скопје, до нив доставило 621 казнени налог, против 751 лице. За донесените пресуди поднесени се приговори во 72 предмети од 102 лица и за нив се закажани расправи. Од досега сработенотo во Кривичен суд Скопје, седум предмети се правосилни, за осум обвинети.

Статистичките податоци објавени од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, покажуваат дека речиси триесет отсо од прекршувањета на полицискиот час се регистрирани во Скопје, потоа следат Битола, Прилеп и Тетово. Просечната парична казна која е им изречена на обвинетите за стореното кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, е две илјади евра.

Против одлуките на судовите, обвинетите како што наведено во Законот за кривична постапка, имаат право на приговор до судот, во рок од осум дена од приемот на пресудата за издавање на казнен налог. По однос на оваа прашање од Коалицијата сите за правично судење имаат објавено инфографик кој покажува дека доколку обвинетите поднесат приговор, судот без да навлегува во основаноста на приговорот ќе закаже главна седница, а пресудата за изрекување на казнен налог ќе се смета дека никогаш не била донесена. Воедно од Коалиција истакнуваат дека во постапката по приговор на пресудата за издавање на казнен налог, судот повеќе не е врзан за правната квалификација на делото и предложената санкција од страна на обвинителот – што значи дека судот може да изрече повисока или пониска казна од првично изречената со пресудата за издавање на казнен налог.

Забраната за движење во територија на Република Северна Македонија, траше вкупно 67 дена. Првично Владата донесе одлука за полицискиот час да почне од 21 до 05 час, за потоа со тек на времето полицискиот час да се зголеми. Во текот на периодот додека траеше полицискиот час Владата неколку пати донесе одлука за целосен карантин, односно најдолгиот каратин беше воведен за Велигденските празници и траше 85 часа.

Освен поединечни прекршувања на полицискиот час, Министерството за внатрешни работи во два наврата регистрирало групно прекршување на забрана за движење, односно за настаните во Сингилиќ и Гевгелија, надлежните обвинителства изрекоа повеќе казнени налози.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе