Скопскиот Кривичен суд ќе го казни Бирото за судски вештачења ако не го изготви наодот за сообраќајката кај Ласкарци

Претседателот на судечкиот совет кој го води предметот поврзан со автобуската несреќа која се случи кај селото Ласкарци и претседателот на Кривичниот суд, денеска остварија средба со претставници и роднини на оштетените лица во случајот, информираа од Кривичниот суд Скопје.

Надлежниот судија и претседателот се согласни со претставниците на оштетените дека постои застој во постапувањето по конкретниот предмет, кој застој не е по вина на судот. Заради тоа, оштетените беа детално и со сите писмени известија и ургенции, запознаени за сите дејствија кои судот ги има преземено изминатава година за навремено добивање на супервештачењето од надлежното Биро за судски вештачења, кое е неопходно за завршување на доказната постапка и донесување на првостепена пресуда, велат од судот

„До овој момент судот има доставено 10 писмени ургенции до Бирото и пред секоја насрочена расправа телефонски го контактира директорот на Бирото со барање супервештачењето да биде завршено во најкус можен рок и предметот да биде вратен за да продолжи главната расправа. За ургенциите, но и причините за застојот во постапувањето, судот го има известено и Судскиот совет, а на неодамнешната средба во судот, на новинарско прашање, свој став околу супервештачењето даде и министерот за правда. Заради недозволеното одолговлекување на супервештачењето, судот денеска писмено се обрати до Бирото со напомена дека доколку до 05.12.2022 година предметот со сите списи и со изготвни вешт наод и мислење не биде вратен во судот или доколку од страна на вештите лица не се достави образложен извештај со причини зошто вешиот наод сеуште не е изготвен, судот ќе биде приморан да ја искористи законската можност за парични казни на Бирото за судски вештачења", велат од Кривичниот суд Скопје.

Од судот уште еднаш ја известува јавноста, дека, како што велат од оттаму, ги има преземено сите мерки за судење во разумен рок, дослено почитување на правата на странките и првостепено завршување на предметот.

„Заради сензибилноста на случајот, предметот се водеше со забрзано темпо во услови на Ковид ограничувања и беше испратен на супервештачење, заради две претходни спротиставени наоди, како што налага ЗКП, а со цел да не се направи суштинска повреда во првостепената постапка", потенцираат од Кривичниот суд Скопје.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе