Кондарко, Дума и Шабани сведочеа на „Титаник 2“

Повторното судење за случајот „Титаник 2“ денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи со сослушување на сведоци. Сведочеа пред судечкиот совет предводен од судијата Огнен Ставрев, поранешниот член на Државната изборна комисија (ДИК), Виолета Дума (прво сведочење август 2018 година). Исто така, сведочеа и актуелниот член на ДИК, Борис Кондарко, и портапоролот Адмир Шабани.

Дума и Кондарко, во својство на сведоци беа сослушани и во август 2018 година.

Судењето за „Титаник 2“ се води против претседателот на ДПА, Менду Тачи, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибрами, против екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и против три поранешни членови на ДИК.

Постапка за овој случај произлезе од „бомбите“ објавени од СДСМ, а обвинението е застапувано од поранешниот специјален јавен обвинител Гаврил Бубевски.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите учествувале во изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе